434
Во сообраќајна несреќа утринава околу 5:50 часот на автопатот кај Лесковац во правец кон Ниш, едно лице загина, а 25 се повредени при превртување на автобус со сомборски регистарски таблички. Автобусот превезувал туристи кои се враќале од летување во Ханиоти, Грција.
Според РТС, една жена загинала, а на местото на несреќата се наоѓаат полициски и противпожарни екипи и во тек е истрага.
За лекување на повредените се ангажирани медицински екипи од Лесковац, Лебан, Власотинац и Ниш. Девет повредени, меѓу кои две деца, се пренесени во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Ниш, соопштија од таа здравствена установа.
Засега не е позната причината поради која автобусот излетал од патот.