79
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од с. Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.
Како што информираат од полицијата, на 02. овој месец пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полициски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во нивната намера.
Набргу потоа, тие биле пронајдени и лишени од слобода.