Пијан со мотор излета од патот – заврши во болница

by irena 15:04
15:04

МВР информира дека вчера рано наутро во 03:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с. Крушеани, прилепско, 54-годишниот Г.М. од с. Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека Г.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Слични вести