Се преговара за повлекување на концесионерите за изградба на мали хидроцентрали на Шар Планина која беше прогласена за национален парк, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
– Има седум одлуки од Владата за концесии. Јас имав разговори со овие концесионери за да се почнат преговорите. Имавме неформален разговор и се надевам дека во многу брзо време ќе имаме и формален договор за да се тргнат. На пример во Лешница ќе се тргнат, но сме во комуникација и со останатите, преговараме нормално, ние се грижиме и за природата, но истовремено и за државниот буџет, за да немаме многу загуби за ова. За останатите се надевам дека ќе имаат разбирање за ова и ова ќе се направи во текот на една година. Концесионерите или ќе започнат или ќе се отстранат по усвојувањето на законот, рече Нуредини.