593
Денеска доаѓаат поволни вести за македонската фудбалска репрезентација од таборот на нашиот противник на ЕП, Австрија.
Еден од најдобрите играчи на австриската селекција, Марко Арнаутовиќ е повреден и нема да игра против Англија в среда, на првиот од двата контролни дуели пред шампионатот.
На 6 јуни, Австрија игра против Словачка и тогаш дефинитивно ќе се знае дали Арнаутовиќ ќе игра на Европското првенство.