Се повлече една од кандидатките за шеф на Организиран

by fokus

Во трка за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција остануваат четворица обвинители, бидејќи обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши ја повлече својата кандидатура.

За досегашното место на Вилма Русковска остануваат да се „борат“ обвинителите Ислам Абази, Ермон Незири, Деса Пауновска и повторно Русковска. Оваа кандидатска листа денеска беше утврдена на седницата на Советот на јавните обвинители.

Изборите ќе се оддржат на 7 овој месец, а за прв пат шефот на ова обвинителство ќе го бираат обвинителите од целата држава.

Во моментот позицијата на шеф ја врши обвинителот Трајче Пеливанов, кој беше назначен по суспензијата на Русковска.

В.В.

Поврзани новости