799
Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Ѓеоргијев истакна дека се повеќе млади пациенти се заразени и примени во оваа болница.
-Во однос на починатите пациенти во текот на август доминираат невакцинираните пациенти. Да ја искористам приликата да апелирам граѓаните да се вакцинираат. Се’ уште е рано, но после овој бран ќе може да ги видиме ефектите од вакцинацијата, за да можеме да правиме некои анализи во врска со заштита од вакцините. Но, до овој момент доминираат невакцинираните пациенти и со тешка клиничката слика. Отприлика 80-тина проценти од починатите се невакцинирани, додека 20-тина проценти се вакцинирани. И во однос на лежечките пациенти, 25-6 проценти за вакцинирани, останатите се невакцинираи, изјави Ѓеоргиејев.