Се повеќе граѓани сакаат да се вклучат во потрагата по Петар, МВР објави број за нивна координација!

by fokus

Поради големиот интерес од страна на граѓаните кои сакаат да се вклучат во потрагата по 10-годишниот Петар, МВР објави телефонски број на дежурната служба во село Витолиште, каде можат да се обратат за коррдинации.

Телефонскиот број е 071 268-594, а од МВР исто така апелираат доколку некој има информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, веднаш да се јави во полиција.

Петар е дете со попреченост, и е исчезнат од петокот. Во потрагата по него се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.

Вклучени биле и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Вики Клинчарова

Поврзани новости