563
Крим техничар од МВР го отвори возилото “опел омега”, клучниот доказ во случајот “Монструм”, со што продолжи увидот на судиите, обвинителите, но и адвокатите.
Со отворањето на возилот се докажа дека тоа е истиот автомобил кој по два дена од петкратното убиство беше најден кај местото Вражји вир, бидејќи бројот на шасијата се повторува.
Автомобилот од 1 ноември 2012 година се наоѓа во дебпото на Агенцијата за управување со одземен имот во Миладиновци, но досега беше енигма неговото постоење, бидејќи никој го немаше видено, се разбира освен вработени вио МВР кои го донеле тука.