Музичарот Коста Карев, кој што беше неколкукратен член и претседател на Комисијата која одлучуваше по конкурсите за доделување на субвенции за поддршка на домашната музичка индустрија, открива дека 370 песни биле наградени со дури 972.100 евра. Тој направил статистички пресметки, и тврди дека резултатите до кои дошол треба да допрат до јавноста, а целта му била да се откријат сите незаконски и непрофесионални дејствија кои се случувале во однос на субвенциите за поддршка на музиката, кои беа актуелни неколку години наназад.
-Поентата е да се откријат сите незаконски и непрофесионални дејанија на МРТВ, на министерството, на комисиите, на апликантите. Во спротивен случај и оваа работа ќе остане матна и неразјаснета, како и се во државава. Вниманието на медиумите и на јавноста се префрла од тема на тема, без да се истражи, без да се најде генезата, без да се евидентираат грешките, за да не ни се повторуваат истите пак и пак. Живееме во општество кое не учи од своите грешки. Во однос на податоците: Потрошени 972.100 евра за 370 композиции. Голем дел од поддржаните композиции не се објавени во јавност, па излегува декa парите се потрошени напразно – тврди Карев.
Резултатите од статистичките пресметки на досега спроведените конкурси тој ги објавил на https://nemolci.blogspot.com/2018/01/blog-post_26.html?fbclid=IwAR26_VoC0cB-X_p_2z_rt9wOqctFw0zS_0mcruIjElu5JyQ_k1tTuLgRGMc и се достапни на јавноста.
-Досега, за 4 години завршени 15 конкурси, од нив по 3 конкурса МРТВ прекина да постапува, а два конкурса ги поништи Министерството за Култура. Затоа пресметките што ги правам се за 10 спроведени конкурси, 4 во 2014, 4 во 2015, 1 во 2016 и 1 во 2017 – појаснува Карев.
Според податоците кои ги објавил, според категории, биле доделени дури 972.100 евра, и тоа во категоријата Таленти – 69.000 евра, во категоријата Афирмиран изведувач – 138.000 евра, во категоријата Истакнат изведувач – 222.000 евра, во категоријата Врвен изведувач – 219.000 евра, во категоријата Композиции со кои се афирмира историјата на Македонија – 51.000 евра, во категоријата Композиции со кои се афирмираат семејните вредности – 39.000 евра, во категоријата Детски композиции – 31.600 евра и во категоријата Ѕвезди – 202.500 евра.
-Ако на вкупната сума на доделени субвенции за 10 квартални конкурси, 972.100 евра се одбие персонален данок од 10% кој при исплата се одбива, останува сумата од 874.890 евра исплатени на пеачи и групи – појаснува Карев.
Тој направил и листа на изведувачите и бројот на субвенции кои ги добиле за сите категории, освен за категоријата Детски композиции. На листата се наоѓаат изведувачите (пејачи и групи), а како што ,,Фокус” веќе пишуваше минатата година, групата Куку Леле е лидер во добивање на субвенции, веднаш зад неа се наоѓа групата Нели ти реков, а на третото место е Александар Ристовски – Принц.
Ова е целосната листа на субвенционираните музичари, која ја составил Карев и бројот на субвенции кои секој од нив ги добил.
1 КУКУ ЛЕЛЕ (група) 8
2 КАТЕ И НЕЛИ ТИ РЕКОВ (група) 7
3 АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ ПРИНЦ 6
4 ЃОКО ТАНЕСКИ 6
5 ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ 6
6 ЕЛВИР МЕКИЌ 6
7 СОНАТА И КАТЕРИНА БРЕЗЕВА (група) 6
8 ВОДОЛИЈА (Група) 6
9 СТЕВЧЕ ЌИРОСКИ 6
10 СУЗАНА СПАСОВСКА 6
11 АРИЈА (Група) 5
12 ГРАМОС АЉИЈИ 5
13 ДУШКО ГЕОРГИЕВСКИ 5
14 ЕЛЕНА ГЕОРГИЕВА 5
15 ИРЕНА СПАСОВСКА 5
16 АДРИЈАН ИСЛАМИ – ГАЏА 4
17 АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА 4
18 АНЕТА РИСТОВА ВАСИЛЕВА 4
19 ГОРАН НАУМОВСКИ 4
20 ДАРИЈО ПАНКОВСКИ 4
21 ДЕЈАН ЌУРЧИЕВ 4
22 ЗОРАН РУДАН ЦЕКИ 4
23 ЈОВИЦА МИЦЕВСКИ 4
24 МАРЈАН СТОЈАНОВСКИ 4
25 МИШКО КРСТЕВСКИ 4
26 НАДЕ ТАЛЕВСКА 4
27 СИЛВИ БЕНД (Група) 4
28 СИМОНА ПОПОСКА 4
29 АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ 3
30 БЛАГОЈА ГРУЈОВСКИ 3
31 ВИОЛЕТА ТОМОВСКА 3
32 ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ 3
33 ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА ТОЛЕВСКА 3
34 ИГОР МИТРОВИЌ 3
35 ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ 3
36 ЛИДИЈА КОЧОВСКА 3
37 МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ 3
38 РИСТО САМАРЏИЕВ 3
39 САЊА ХРИСТОВА ЛЕФКОВА 3
40 ФИЛИП ЈОРДАНОВСКИ 3
41 АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ 2
42 АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА 2
43 БОБАН ЦАНЕВСКИ 2
44 БОЈАН СТОЈКОВ 2
45 ГОРАЗД ЧАПОВСКИ 2
46 ДИМИТАР АНДОНОВСКИ 2
47 ДРАГАН ВЕЛИЧКОВСКИ – ТАЈЗИ 2
48 ЕМИЛ АРСОВ 2
49 ЕСМА РЕЏЕПОВА 2
50 ИБУШ ИБРАИМОВСКИ 2
51 ИЛЕ СПАСЕВ 2
52 КРИСТИЈАН ГАБРОСКИ 2
53 КРИСТИЈАН ТАСЕВСКИ 2
54 ЛИНДОН БЕРИША 2
55 МАЈА ВУКИЧЕВИЌ 2
56 МАЈА ГРОЗДАНОВСКА ПАНЧЕВА 2
57 МИЛИЦА КУЗМАНОВСКА 2
58 МОМИР НИКОЛОСКИ 2
59 МУСТАФА ИМЕРИ 2
60 НАУМЕ ПЕТРЕСКИ 2
61 НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ 2
62 ПЕТАР НЕЧОВСКИ 2
63 ПЕТРЕ ХРИСТОВ 2
64 РИСТО ВРТЕВ 2
65 САРА КОСТАДИНОВСКА 2
66 СИМЕОН ИВАНОВ – КАНГО 2
67 ТЕОДОРА ЗЕРОСКА 2
68 ХРИСТИЈАН ДИМИТРИЕВСКИ 2
69 АВНИ АЉИЈИ 1
70 АГИМ ПОШКА 1
71 АЛЕКСАНДАР ТАСЕВСКИ 1
72 АЛЕКСАНДРА МИХОВА 1
73 АНАСТАСИЈА ПЕТРЕСКА 1
74 АНЕТА МИЦЕВСКА 1
75 АНЕТА НАКОВА 1
76 АНЕТА ЦВЕТКОВСКА – МАЛИНКОВА 1
77 АРТА МЕМЕДИ И БЕЊАМИН АЈРУЛАХИ (Група) 1
78 БАЈРАМ АЛИ 1
79 БЕТИМЕ ЗУЛАЛИ 1
80 БЕЌИР АЛИУ 1
81 БЛАГА ПЕТРЕСКА 1
82 БОЈАНА АТАНАСОВСКА 1
83 БЕН ХУР 1
84 ВЕНЕРА ЉУМАНИ 1
85 ВЕРА ЈАНКОВИЌ 1
86 ВИКТОР АПОСТОЛОВСКИ 1
87 ВЛАДО ЈАНЕВСКИ 1
88 ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ 1
89 ВУЛНЕТ ИБРАИМИ 1
90 АЈ КЈУ (Група) 1
91 ДАМЈАН ЛАЗАРОВ 1
92 ДУО КОКТЕЛ (Група) 1
93 ДУШКО ТЕМЕЛКОВСКИ 1
94 ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА 1
95 ЕЛЕНА МИРЧЕВСКА 1
96 ИЛИНА ЛАЗАРЕВСКА 1
97 ИСКРА ТРПЕВА АРСОВСКА 1
98 ЈАСМИНКА ГУЊОВА КОСТОВА 1
99 ЈОВАНКА ЈАКИМОСКА МИТРЕВСКА 1
100 ЈУЛИЈАНА НИКОЛОВСКА 1
101 КАЛИНА ВЕЛКОВСКА 1
102 КРИСТИНА АРНАУДОВА 1
103 ЛАУРА КРЛИУ 1
104 ЉУПЧО ЧЕДОМИРСКИ 1
105 МАХМУТ ФЕРАТИ 1
106 МЕТОДИ БОГДАНОВ 1
107 МИКИ ЈОВАНОВСКИ ЏАФЕР 1
108 МИКИ СЕКУЛОВСКИ 1
109 МИЛЕНА ЈОВАНОСКА 1
110 НАТАША МАЛИНКОВА 1
111 НАТАША МИЈАТ КРСТЕВСКА 1
112 НОКАУТ (Група) 1
113 НИКОЛОВА СТОЈНА 1
114 НИНА ЈАНЕВА 1
115 НОВИЦА ВАСИЛЕВСКИ 1
116 ПАНЧЕ ИЛИЕВ 1
117 ПЕРО ЦАЦА 1
118 ПЕТРУНА ДИМИТРОВА 1
119 РИНИ ДАУТИ 1
120 РОБЕРТ ВУКЕЛИЌ 1
121 СЕВЕРЏАН ЛАЧИ 1
122 ТАМАРА ТОДЕВСКА 1
123 ТАЊА БОЈКОВСКА 1
124 ТЕФИК ИСЛАМИ 1
125 ХРИСТИЈАН ТОДОРОСКИ – КИКО 1
126 ЏЕМАИЛ МУРТИШИ 1
127 ЏУЛА ЧОЛАКУ (ГАШИ) 1
Законот за субвенционирање на домашната музичка индустрија беше донесен во времето кога министерка за култура беше Елизабета Канческа – Милевска. Идејата беше секоја година да се одвојуваат 512 илјади евра државни пари, со цел да се стимулира продуцирањето на популарна македонска музика, забавна, народна, музика за деца, композиции за афирмирање на историјата на Македонија, како и песни за афирмирање на семејните вредности и многудетните семејства.
Лани, во времето кога министер за култура беше Роберт Алаѓозовски, Владата донесе одлука да го укине Законот за поддршка на домашна музичка продукција, како не би се одлевале повеќе пари од буџетот за оваа намена.
„Имплементацијата на Законот во практика не ги даде очекуваните ефекти, пред сѐ, од причина што иако за избраните композиции се продуцираа аудио- и видеозаписи, тие или не беа воопшто емитувани или беа емитувани во мал обем на радијата и на телевизиите. Од наведените причини, објективно не може да се направи процена на позитивните ефекти од поддршката на создавањето на нови композиции. Со оглед на тоа што аудио- и видеозаписите за композициите не беа во доволен обем достапни за пошироката јавност, се поставува прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање на создавањето на нови композиции од областа на забавната и на народната музика со средства од Буџетот на Република Македонија“- појаснија тогаш од Владата, по што голем број на музичари реагираа и се правдаа дека добиените субвенции ги трошеле за снимање на песни и спотови, и наводно, кога ќе ги одбиеле трошоците, речиси и не им останувало ништо од парите.
Вики Клинчарова