Се поставува оградата на македонско- грчката граница

by Фокус

АРМ од рано утрово започна со поставување на метална ограда на македонско-грчката граница во реоните каде економските бегалци се обидуваат нелегално да ја минат границата. Оградата ќе овозможи дополнителна безбедност за земјава и соодветен пропуст на бегалците од кризните региони кои и до сега се пропуштале.

-Сакаме да потенцираме дека границата ќе остане отворена, ќе се пропуштаат сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти, како и досега што се пропуштаат. Ќе продолжиме да се координираме со другите земји и понатаму. На почетокот заштитната ограда ќе биде подигната на одредени потези на јужната државна граница. АРМ веќе почна со изградба на оградата чија единствена цел е насочување. Македонија со ова им помага на мигрантите, но и на Европа и во подобро организирање и канализирање на мигрантите преку различни форми на стеснувања и организација на рутата со дополнително зголемување на безбедноста на земјите, но и на мигрантите, хуман третман, а со цел да се минимизираат и сите безбедносни ризици, истакнуваат од Владата на Република Макаедонија.

Поврзани новости