713
Бремената Украинка Маријана Подгурскаја која го преживеа бомбардирање на детската болница во Мариупол денеска роди здраво девојче во друга болница во опколениот град на Азовско Море.
Амбасадата на Русија во Лондон тврдеше дека Подгурскаја е актерка и не е повредена. Сепак два дена по гранатирањето жената која беше фотографирана повредена, роди здраво женско дете.
Инаку, во средата гувернерот на областа Доњецк, каде што се наоѓа Мариупол, изјави дека во бомбардирањето на детската болница, во која спаѓа и породилиштето, се ранети 17 лица, а меѓу ранетите има и една жена која се породила.