Нови 52 позитивни случаи на корона вирус се регистрирани денес во Тиквешијата. Од нив 25 лица се од Кавадарци, 22 од Неготино, две од Росоман и две од демир Капија.
Поради потешка клиничка слика едно лице од Кавадарци и три од Неготино се хоспитализирани на ковид одделот во кавадаречката болница.
Најмладиот регистриран пациент од денес е од Неготино, на возраст од 17 години, додека најстариот има 72 години.
Од Центар за јавно здравје Кавадарци велат дека се надминати проблемите со позитивните пациенти кои беа актуелни летово, кога инфицираните се криеја и не беа достапни за да им бидат врачени решенијата за изолација.
Тогаш, во неколку наврати интервенираше и полицијата и ги бараше позитивните.
-Речиси сите нови случаи имаат симптоми, нема повеќе криење, без проблем им се доставуваат решенијата. Помина тоа кога летово имавме пациенти кои се криеја, беа недостапни на телефон, па моравме да ги бараме со полиција. Народот сфати дека состојбата е сериозна и од таа страна недоразбирањата се надминати – изјавија од центарот.
Од кавадаречката болница информираат дека денес има 47 хоспитализирани пациенти, а еден пациент на возраст од 77 години е починат. Има уште 13 слободни места.
Вики Клинчарова