434
Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379 живородени деца. Така говорат информациите на Државниот завод за статистика.
Како што информираат оттаму,бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2022 година бележи намалување од 33.4 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година и изнесува 4 760 умрени лица, а од нив 22 се умрени доенчиња.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови.