Министерот за здравство Беким Сали попладнево изјави дека болничките капацитети во земјава за ковид пациенти се исполнети околу 60 отсто. Тој исто така испрати апел до граѓаните вакцинацијата да продолжи.
-Во постоечките болници исполнетоста е од 55 до 60 отсто, од аспект на кревети, што значи болниците се уште имаат капацитет за исполнување. Тоа се општите болници по градовите, Инфективната клиника и „8 Септември“. Сепак, преземаме мерки за подготвеност и за во текот на идната недела, изјави Сали.
Тој напомена дека навремено преземаат мерки за анализа на состојбата и за исполнетост на болниците. Додаде дека се уште сме далеку од потребата за именување на одредена клиника во ковид центар.
Посочи дека се уште е рано да се зборува за укинување на Ковид-сертификатите зашто нивото на вакцинација на населението во земјава е многу помала во однос на другите земји.
-Многу е важно да продолжи имунизацијата зашто досегашните резултати не ни покажуваат дека нашата популација е доволно имунизирана, изјави Сали за Сител. Апелираше до граѓаните вакцинацијата да продолжи со цел, како што рече, да ги постигнеме барањата кои веќе се исполнуваат во други држави, а се релевантни барања и на почитувани професори или лица кои даваат јавни изјави и повици.