Се подготвува резолуција за Зеленски да може да има видео обраќање на Генералното собрание на ОН

by fokus

Се подготвува резолуција што ќе му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видо говор да се обрати на Генералната дебата на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк следната недела.

Шансите тој лично да се обрати, се помали. Но, неколку дипломати од Њујорк за ДПА велат дека се подготвува резолуција што ќе му дозволи на Зеленски да го одржи својот говор до светските лидери преку видео.

Потребно е просто мнозинство во Генералното собрание за да може да се дозволи овој чекор, а гласањето можно е да се случи уште утре, додава ДПА.

Кога Зеленски би учествувал лично на настанот тоа би било првпат да отпатува во странство од почетокот на руската војна против Украина, но, сепак, тој и со ова најевено видео обраќање ќе добие голем простор и внимание. Особено што рускиот претседател Владимир Путин одлучи годинава да не присуствува на собирот. Москва ќе биде претставувана од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Генералната дебата во Њујорк почнува во вторник, а се очекува во неа да учествуваат над 150 шефови на држави и влади, вклучувајќи ги американскиот претседател Џо Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Поврзани новости