Се подготвува ребаланс на Буџетот

by fokus

Министерката за финансии, Нина Ангеловска во денешното гостување на ТВ 24 најави дека Министерството за финансии подготвува ребаланс на Буџетот.

-Буџетот е ликвиден да ги извршува своите основни обврски. Се тече нормално, субвенциите ги исплативме, повратот на ДДВ е за 26 проценти поголем од лани од април, плати, пензии, социјална помош, се тече нормално. За ребаланс, ние почнавме со изработка на ребаланс. Генерално, во моментов предизвик е неизвесноста, предизвик е да се појде од што пореалистични проекции на приходната, а од друга страна и расходната страна, вели Ангеловска.

Поврзани новости