Се подготвува отворање на Центар за жртви на сексуално насилство

by fokus

Започнати се подготовките и координацијата со останатите релевантни институции и меѓународни организации со цел отворање на Центар за жртви на сексуално насилство, најави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Во Центарот жртвите на овој вид насилство ќе добијат психосоцијална поддршка, и помош за нивна ресоцијализација и реинтергација.

„За функционирање на овој Центар согласно меѓународните стандарди за човекови права, ќе се изработаат интерни документи, кои се однесуваат на постапките и процедурите на упатување, сместување, престој, правила за однесување на ангажираниот персонал и протоколот за заштита“, изјави министерката.

Отворањето на Центарот е во рамки на проектот: Подготовка за ратификација на „Истанбулска конвенција“ – Усвојување на подобри политики и пракси за елиминација на насилството врз жените. „Истанбулската конвенција“ воспоставува силна практична база за превенција, заштита на жените и девојчињата од насилство и прогон на насилниците. Овој документ има за цел да воспостави еднакви права помеѓу мажите и жените со тоа што ќе се елиминира родово базираното насилство.

Поврзани новости