Се подготвува монтажна болница за заразени од Ковид-19 во кругот на штипската болница

by fokus

Штип се подготвува да изгради монтажна болница со капацитет од 50 кревети, најави денес директорот на штипската Клиничка болница Ален Георгиев.

-Во кругот на болницата имаме доволен простор да се постават монтажни бараки со вкупен капацитет од 50 кревети. Тоа е слободниот простор кај зградата на Детското одделение, кое ќе биде изолирано од мини монтажната болница. Мораме да преземаме вакви мерки уште сега, оти сите најавуваат во септември дека ќе имаме нов бран на ковид-19“, вели Георгиев.

На Инфективното одделение се хоспитализирани 55 пациенти.

-Новозаболените ги згрижуваме на дневна основа, излечените се праќаат дома, пациентите со лесна клиничка слика се упатуваат на домашно лекување, а тешките случаи се праќаат за Скопје. Со болниците во Велес и Кочани се договоривме да соработуваме во хоспитализација на заболените онаму каде што ќе има слободен простор. Планираме лицата кои имааат инфективни заболувања, но не се поврзани со ковид-19 да ги префрлиме во зградата на Кожното одделение. И останатите одделенија работат нормално, но ги третираат само итните случаи кои исто така не се поврзани со коронавирусот“, вели Георгиев.

Поврзани новости