Натпреварувачкиот систем на Европското првенство би можел да диктира натпревар кој никој нема да сака да го гледа.
Пред третото коло од групата Е на ЕУРО 2024 ситуацијата е таква што сите четири селекции, односно Романија, Белгија, Словачка и Украина имаат по три бода.
Ако се знае дека четири бода ќе бидат доволни за пласман во осминафиналето, барем како една од четирите најдобри третопласирани селекции, јасно е што им одговара на Романија и на Словачка.
0:0 на таа средба на овие репрезентации им гарантира пласман во осминафиналето.
Во тој случај Романија ќе биде прва или втора (во зависност од резултатот на натпреварот помеѓу Белгија и Украина), додека Словачка ќе биде трета.
Споменатите средби се закажани за в среда во 18:00 часот.
Romania and Slovakia can both guarantee qualification for the Euro 2024 last 16 by passing the ball around in the middle of the pitch for 90 minutes and playing out a 0-0 draw. pic.twitter.com/NtqqnQQGTv
— Sam Street (@samstreetwrites) June 22, 2024