Се подготвува формирање на нова партија?

by fokus

Деновиве во јавноста се појавија информации дека се почнати активности за формирање нова партија од незадоволните членови и поддржувачи на СДСМ. Како еден од потенцијалните иницијатори на нова партија се споменува и поранешниот заменик-министер за образование во претходната влада на СДСМ, Петар Атанасов.

Тој во изјава за „Фокус“ вели дека во овој момент тој нема започнато активности за формирање партија, но смета дека има многу луѓе кои би сакале да видат различно владеење.

Луѓето се длабоко разочарани од трите најголеми партии. Има потреба од нова политичка сила која би донела промени во начинот на водење на политиката, вели Атанасов.

Додава дека не е потребна уште социјалдемократска партија, туку партија на центарот која ќе понуди политики прифатливи за мнозинството.

К.С.Б

Поврзани новости