Се подготви со светлосна брзина, без консултација на наставничките факултети – „за“ и „против“ новиот концепт за образование

by fokus

Во досегашниот тек на собраниската расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование се слушнаа ставови на поддршка, но и барање таа да биде повлечена поради несеопфатност и неприменливост.

По воведните обраќања на премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска, и членови на работната група кои ја презентираа пред присутните, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска повика концепцијата да се повлече, да се напушти концептот на интегрирани содржини и укажа дека нема финансиски план за спроведување на реформата од септември, ниту се знае, како што рече, кога и кој ќе ги обучува наставниците. Смета дека најпрво се потребни реформи на наставнички факултети.

– Се подготви во затворен круг и со светлосна брзина, без консултација и на наставничките факултети, а ова што сега има јавна расправа е изнудена реакција, рече Јаневска.

Посочи дека концепцијата не се темели на систематска анализа и поставеност со останати потсистеми, има низа пропусти и неуредени прашања, како предучилишното образование, не е регулуирано прашањето за настава во комбинирани паралелки, за продолжениот престој во училиштата и за учење во домашни услови, за работата со ученици со попречености и со надарени ученци. Укажа дека се кратат по еден час мајчин јазик, се скратуваат предметите Ликовно и Музичко и дека интегрирањето на предмети се прави без проценка на национални интереси.

Според академик Владо Камбовски, реформата е задоцнета затоа што Законот врз основа на кој се носи е донесен уште пред две години.

– Не смееме да го одложиме носењето на концепцијата. Не смееме да губиме години. Навремена е новата концепција и време е за соочување на ставовите. Сметам дека вакви слични дебати треба да имаме и за реформи во средното и за високото образование. Оваа реформи ќе треба да отвори расправа и затоа какво ни е предучилишното образовани и какво ни е средното образование, рече Камбовски, според кого, наставните програми треба да ги следат националните стандарди, односно да се има план со којшто ќе се прави мерење на достигнувањата на учениците.

Ја подвлече улогата на наставниците кои треба да имаат централно место и да бидат носители на образoвниот процес.

Проф. Јован Донев ја поздрави иницијативата за реформа на МОН и не се сомнева во стручноста на креаторите на концепцијата, но клучно е, рече, кој ќе ја спроведе реформата кога сите сме резултат на обрзовен процес што не чини.

Рече дека имаме политизирано образование, со корупција и непотизам и оттука, според него, не може да се истурка реформа со оивие проблеми.

-Не сме на ниво за да спроведeме вакви реформи кои се исклучително сериозни, рече Донев. Смета дека треба да се формира национaлен комитет за рефoрми, да се донесат странски експерти и департизација, како и темелна реформа на високо образование. Предложи да се укине Бирото за развој на образованието и да се формира државен институт за образовни политики кој сериозно ќе се занимава со образованието, а да се отвори и странски универзитет кој ќе му биде конкуренција на УКИМ или секој што ќе студира на странски универзитет да му се плати школарината.

Академик Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја, се задржа на принципите на историчатите кои треба да се почитуваат за да се пишуваат квалитетни и солидни учебници по историја. Најважен принцип, рече, е деполитизација на минатото т.е. избегнување по секоја цена на прилагодување на минатото кон современите политички потреби. Затоа треба да се применуваат најсовремени методи и без компромис со политички притисоци. Посочи дека историјата не може да биде разбрана ако се рзгледува етноцентрично, надвор од контекстите, зашто ќе го изгуби контактот со реалноста.

-Ваквиот пристап кон академско проучување на минатото, ќе им овозможи на наставниците да развиваат кај децата, исто така, критичко размислување кон историјата кое е важно за нив да избегнат градење авторитарни или исклучиви ставови кон самите себе. Сметам дека концепцијата предложена од МОН дозволува тие принципи да бидат вградени во идните учебници или материјали по Историја, по предметот Историја. Оваа концепција остава простор за создавање баланс, посебно по предмтот Историја. Успехот на овој концепт ќе биде показеател и колку целокупното македонско опшштество може да се справи со предизвици, посебно во чувствотелни теми како што е образованието, и колку е општеството спремно да го зацврсти и да почне да го гради граѓанскиот концепт, додаде Ѓоргиев.

Како ќе се изучува минатото, додаде тој, зависи од подготовката на наставните програми по историја и МОН, како што рече, мора да биде многу внимателен во тоа.

– Не смее историјата да се претвори во алатка која ќе служи исклучиво за формирање на националниот идентиот и за ширење омраза, нетрпение и тензии во општеството, додаде Ѓоргиев.

Поврзани новости