Расколот во опозициската БЕСА ја подели петчлената пратеничка група на оваа партија, која на последните парламентарни избори настапи во коалиција со еден дел од фракцијата на НДП.
Биљал Касами, кој тврди дека се уште е легитимен партиски претседател, денеска во јавноста се појави со пратениците Фадиљ Зендели и Теута Биљали, како и со некои членови од партиското централно претседателство.
Неколку дена претходно, пак, Орхан Муртезани во име на другото крило во БЕСА истакна дека го промениле Касами и го назначилe пратеникот Неџбедин Кареми за в.д. претседател, кој, според нив, треба да раководи со партијата до конгресот во февруари.
Инаку, Карехмани денеска се појави на прес-конференција во парламентот, придружуван од колегата Африм Гаши, а во нивниот табор е и петтиот пратеник од оваа пратеничка група – Реџеп Мемеди.