Претседателот на Комисијата за одбрана и внатрешни работи на српското Собрание, Милован Дрецун изјави дека стравува оти потезите на Албин Курти имаат за цел да предизвикаат инциденти на кои српскиот народ би одговорил, па тоа би го искористил како изговор за уште повеќе брутални сили.
Да потсетиме, косовската полиција во петокот изврши рација во зградите на српските институции во четири општини на северот на Косово и Метохија.
Дрецун за Српската радио-телевизија изјави дека има голема тензија и неизвесност меѓу српскиот народ на тој дел од територијата бидејќи не знаат што ќе се случува во иднина и какви потези ќе преземе косовскиот премиер.
Од друга страна, додаде, постои голема волја и желба Србите да продолжат да живеат на своите вековни простори.
Дрецун рече и дека ЕУ ја користи приказната за дијалогот меѓу Белград и Приштина само за да се оправда пред јавноста дека е попустлива политика кон Приштина и дека не презема ништо.
„Нивото на доверба во КФОР не е високо меѓу српскиот народ, но КФОР е единствената сила што може да го заштити српскиот народ сега. КФОР е тој што ја има силата што може да ја употреби“, рече тој.