Четворица судиии од основните судови во Тетово, Кичево, Битола и Прилеп заминуваат во пензија.
Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница утврди престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судиите: Александра Зафировска од Основен суд Тетово, Елези Исмаил од Основен суд Кичево, Аце Бакиевски од Апелацискиот суд Битола и Зоран Стевановски од Основен суд Прилеп.
На денешната седница беше донесена одлука за определување на в.д претседател на Основен суд Прилеп, при што беше избрана судијката Јасмина Шишковска Стојковиќ.
Во однос ја утврдувањето на бројот на предмети што треба да ги реши судијата месечно за 2023 година, Судскиот совет одлучи да го повлече дадениот предлог на Комисијата на доработка.