1.1K
Бојан Боровчанин, помошник директор на Клиничкиот центар на Србија, бил присутен во Ургентниот центар кога почнале да пристигнуваат повредените од масакрот во ОУ„Владислав Рибникар“ во Белград во кој беа убиени осум деца и чуварот, а седуммина беа ранети. Тој за српски медиуми изјави дека веднаш помислил на неговите деца кои одат во истото училиште.
„Работам како помошник директор на ЦК на Србија за општи работи и безбедност и добивме информација дека во Врачар имало пукање и дека има многу убиени деца и многу ранети. Во тој момент истрчав до Ургентниот центар и по неколку минути пристигна брза помош со рането девојче“, вели Боровчанин.
За него почнува вистинска паника кога ја отворил вратата од брзата помош и видел девојче кое било облечено во исти пантолони какви што носи неговата ќерка, а облеката и е крвава од повреди.