500
Денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Македонија на 27 април, е прекинато откако му се слоши на Никола Војневски, еден од десетината обвинети во овој предмет.
На Војневски му се слоши и изгуби свест за време на сведочењето на новинарот Горан Трпеновски, по што беше повикана итна медицинска помош.
За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.