Се онесвести еден од градоначалниците, Мицкоски го прекина пресот

by fokus

Прес конференцијата која денеска ја држеше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше прекината, откако еден од градоначалниците кои стоеја позади него, се онесвести и падна.

Останатите веднаш се собраа околу него да му помогнат, а им се приклучи и Мицкоски. По неколку минути, градоначалникот се подисправи и седна, а Мицкоски рече дека е добро. Прес конференцијата тука беше прекината и не продолжи.

Инаку, денешиот прес се однесуваше на средбата која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја имал со градоначалниците од редовите на неговата партија, кои стоеја позади него додека го држеше пресот.

Поврзани новости