Се „оладивме“ за НАТО, подготвен сум да разговарам за Крим, изјави Зеленски

by fokus

Можеме да разговараме за прашања поврзани со привремено окупираните територии и непризнаените републики кои никој освен Русија не ги признал, овие псевдорепублики, можеме да најдеме компромис за идната судбина на овие територии.

За мене најважно е како луѓето ќе живеат на овие територии кои сакаат да бидат дел од Украина. Кој во Украина сака да ги прифати?, изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски за американската телевизија Еј-Би-Си.

Според украинските медиуми, Зеленски рекол дека се „оладил“ во врска со влезот на Украина во НАТО, откако увидел дека НАТО не е подготвен да ја брани, а според руските медиуми, тој изјавил и дека е подготвен да зборува за Крим и за независните републики во Донбас.

– Што се однесува до НАТО, се оладив по ова прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Русија, изјавил Зеленски.

Поврзани новости