Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција ја промовираше мерката „Помалку трошоци – повеќе за тебе“ која е помош за сите кои имаат ученици со цел да се намалат трошоците за училишен прибор.
Како што вели, оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.
„Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор како што се тетратки, ранци, боици, фломастери, пластелин, подлоги, маркери, мрсни и акрилни боици, водени бои, линеари, острилки, гуми за бришење, четки, шестари, детски ножици, футроли, училишни додатоци, компаси, дигитрони, креди, табли, чаши за прибор и држачи, како и други производи потребни за учениците кои ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани“, вели Мицкоски.
Според него, на големо маржата ќе биде ограничена на 5%, додека пак на мало до 10%.