Се ограничува масовното купување пакети масло за јадење

by fokus

Од денеска почна да важи одлуката за продажба на ограничено количество на сончогледово масло во продавниците.

Трговците треба да определат количество на масло кое смее да го купи еден потрошувач и се препорачува ограничување на купување неколку шишиња без можност за купување цели пакети или палети зејтин.

Одлуката е донесена поради забележана појава на купување на поголемо количество на масло за јадење, а во изминатиот период се купувало зејтин повеќе од просечната потрошувачка на овој продукт. Со одлуката треба да се спречи “непотребната појава на недостаток на сончогледово масло за јадење на полиците”.

Мерката за ограничување ќе трае до 31-ви мај. За нејзина примена, контрола ќе врши пазарната инспекција.

Трговците на мало доколку забележат муштерии кои сакаат да купат поголемо количество на масло за јадење треба да ја алармираат и известат инспекцијата, стои во одлуката потпишана пд министерот за економија.

Поврзани новости