Се оградува парцела на Водно, „Шанса за Центар“ бара запирање

by fokus

Советничката група „Шанса за Центар“ бара итно да се запрат сите градежни активности на Водно додека трае  судскиот спор „Плацови на Водно“, со кој се истражува и преиспитува законитоста па постапките за продажба на земјиштето.

Сето ова, додаваат, е во прилог на заштита на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, кои се загрозени од сечата на шумата и градењето.

-Научно и со анализи е докажано дека шумата на Водно има клучно значење за заштита на Општина Центар од поплави и порои и е круцијална во борбата против загадувањето на воздухот. Бараме да се избегнат и големите трошоци за пробивање на исклучително стрмен пристапен пат до локациите на кои се планира градба, а со тоа и да се заштити правото на приватна сопственост на жителите на кои им се планира одземање на делови од дворовите за пробивање на патот, истакнуваат од „Шанса за Центар“.

Информираат дека вчера се одржала средбата меѓу претставници на општината и жителите на Водно, а жителите најавиле тужба и побарале времена мерка за запирање на градежните зафати.

-Симптоматично е што само неколку часа подоцна, во раните утрнски часови во вторникот инвеститорот со приватно обезбедување почнува да ја оградува парцелата. Бараме општината итно, јасно и со конкретни мерки да застане во одбрана на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните“, велат од „Шанса за Центар“.

ФОТО: Фејсбук

Поврзани новости