Се огласи НАТО по паднатите ракети во Полска

by Fokus

Откако две лица во Полска денеска загинаа при руски проектили, НАТО соопшти дека ги разгледува извештаите дека ракети или проектили паднале во земјата-членка Полска и дека тесно соработува со полските власти.

„Ги проучуваме овие извештаи и тесно се координираме со нашиот сојузник Полска“, изјавил претставник на НАТО за Си-Ен-Ен.

Веднаш по инцидентот полскиот премиер Матеуш Моравјецки свика итен состанок на владиниот комитет за национална безбедност и одбрана.

Поврзани новости