48
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се огласи по предупредувањето што му го испрати Уставниот суд.
Милановиќ одговори со три збора на Фејсбук.
„Реките на правдата доаѓаат! напиша Милановиќ. Претседателот ја употреби истата порака при објавувањето на својата кандидатура, а можно е со повторувањето на таа предизборна порака да му порачува на Уставниот суд дека нема да се откаже од кампањата за парламентарните избори, кои уставните судии му ја забранија со мнозинство гласови додека беше на функцијата претседател.
Уставниот суд заклучи дека претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, не смее да учествува во политички активности на ниту една политичка партија додека ја врши својата функција