Се огласи мајката на Данка: „Ме болат сите обвинувања“

by Fokus

Мајката на исчезнатото девојче од Бор, изјавила дека таа и нејзиниот сопруг се заедно и дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека со денови за неа слуша многу глупости.

„Се држиме колку што можеме, само за што побрзо да се најде Данка, чекаме сето ова да заврши, се надеваме на најдобро, а потоа јас и мојот сопруг ќе се огласиме јавно, ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Затоа не се огласуваме. Ме болат сите овие шпекулации, фрлањето на вина на мене и мојот сопруг“, рече таа, а пренесува Нова.рс.

Ивана Илиќ за тој медиум откри што се крие зад новата информација дека вештачењето на нејзиниот телефон открило дека ги пребарала граничните премини со Романија, но и до кој степен може кривично да одговара.

„Телефонот беше на вештачење, само ќе кажам. Да беше така, немаше да бидам мајка да си го барам детето, мојот статус ќе беше друг. Само Данка да се врати жива и здрава, а потоа ќе разговараме за се“, рече таа.

На прашањето дали го гледала видеото од Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана рече дека го гледала.

„Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не смеам да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека ќе што поскоро ќе го гушнеме нашето дете“, изјави мајката на исчезнатата Данка Илиќ (2).

Поврзани новости