Се огласи Кремљ за нападот на Чернобил:„Уште една измислица“

by Fokus

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, зборуваше за наводите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека беспилотно летало ја погоди куполата на нуклеарната централа Чернобил во текот на ноќта.

Песков рече дека Русија не изведува напади врз украинската нуклеарна инфраструктура, пренесува АФП.

Тој додаде дека обвинувањата против Руската Федерација за напади на нуклеарната централа во Чернобил се „уште една измислица“.

Во исто време, тој рече дека режимот во Киев „продолжува да ја напаѓа цивилната инфраструктура“.

UУкраинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска рече дека „руско беспилотно летало вооружено со силна боева глава“ го погодило заштитниот саркофаг над деактивираниот реактор на нуклеарната централа Чернобил. Тој објави и видео од нападот.

Поврзани новости