56
Хамас доби предлог, договорен неодамна во Париз, за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, но се уште не го дал својот одговор, изјави вечерва советникот за медиуми на политичкото биро на тоа исламско движење.
„Ние велиме дека сегашната фаза од преговорите е на нулта точка и во исто време, не можеме да кажеме дека постигнавме договор“, изјави за Ројтерс советникот Тахер ал-Ноно.
Катарското Министерство за надворешни работи претходно објави дека Хамас дал „првична позитивна потврда“ за предлогот со кој ќе се ослободат израелските заложници и ќе се запрат борбите во Појасот Газа на одреден временски период.
Во креирањето на предлогот во Париз учествуваа Мосад, ЦИА, Катар и Египет.