714
Четири месеци затворска казна доби Дамијен Тарел, затоа што му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој на сослушувањето призна дека пред два дена му удрил шлаканица на Макрон додека се поздравувал со граѓани на југоистокот на Франција. Притоа тој додаде дека тоа го сторил непланирано и од гнев поради пропаѓањето на Франција.
„Кога го видов неговиот пријателски лажен поглед, почувствував гадење и имав бурна реакција. Тоа беше импулсивна реакција и се изненадив и од сам себеси“, истакна Тарел.