Британскиот министер за одбрана Бен Валас оцени дека Русија многу заостанува зад својот „распоред“, откако претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата „специјална воена операција“ во Украина – позната и како инвазија – „се одвива според планот“, објави Би-Би-Си.
– И покрај ужасното секојдневно уништување и бомбардирање на цивилни области и голем број градови, Украинците излегуваат во текот на денот, се спротивставуваат, во некои случаи ги одбиваат и продолжуваат да се борат, истакна Валас за Би-Би-Си.
– Русија има значителен број не само жртви, туку и дезертери и луѓе кои се предаваат, а уништени се и многу тенкови и воена опрема, додаде тој.
Валас нагласи дека руските сили не успеале да го освојат главниот град Киев и дека имале лошо логистичко планирање во врска со превозните средства и храна за војската.
Британскиот министер го опиша Путин како „човек обвиткан со санкции што сам ги создал. Тој е човек кој го прекршил целото меѓународно право. Тој е човек кој е сè поизолиран“.
Путин пак денеска порача дека се оди според планот и им одаде почит на паднатите руски војници, а ги обвини украинските сили дека ги користат цивилите како жив штит.
Досега повеќе од милион луге ја напуштија Украина, а егзодусот продолжува. Во исто време се водат жестоки борби на клучуните стратешки места.