Во Атина денеска се одржа вториот пленарен состанок на Меѓународната група на експерти, под раководство на шефот на делегацијата на Република Северна Македонија, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на делегацијата на Хеленската Република, проф. Фотини Пазарѕис.
Меѓународната група е основана согласно член 1, став 3ж од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, направена во Преспа на 17 јуни 2018 година.
Како што соопшти МНР, двете делегации разменија мислења и ги охрабрија деловните заедници на двете земји да го интензивираат својот дијалог во духот на Преспанскиот договор.