455
Кривичниот суд денеска го одложи рочиштето по предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, поради влошена здравствена состојба на второобвинетиот Василије Авировиќ. Ново рочиште во Кривичниот суд за овој предмет е закажано за 23 јануари.
Авировиќ е овластен потписник на „Силекс неметали СТ“. Првообвинетиот, бизнисменот Сеад Кочан, денеска дојде во Судот. Обвинети се две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.
Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.