451
Денешното судење за случајот „Тврдина 2“ во кое обвинети се поранешниот прв човек на Петтата управа во УБК Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК се одложи бидејќи првообвинетиот Грујевски има нов адвокат, Љупчо Шврговски а во процесот влегува уште еден адвокат Миле Петровски.
Адвокатите побараа време за да се запознаат со обвинението. Наредното рочиште е закажано за 26 септември, кога исказ треба да дадат четворица сведоци.
Вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање се товарат за уништување на службена документација како и за фалсификување на службени исправи во случајот кој според СЈО е поврзан со уништувањето на доказите за нелегалното прислушување кое се одвивало во земјата.