461
Бизмисменот Сеад Кочан денеска се појави во Кривичниот суд каде што му се суди за случајот „Труст“ на СЈО, но судењето се одложи бидејќи адвокатката Сања Алексиќ се разболела. Таа ја известила судијката дека нема да дојде, поради што денешното рочиште се одложи, а наредното е закажано за 20 февруари.
Алексиќ во овој случај го застапува второобвинетиот Василије Авировиќ.
Овој предмет е во завршна фаза, бидејќи откако ќе се изведат доказите на одбраната, ќе следуваат завршни зборови и пресудата. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ и го оштетиле буџетот за 17 милиони евра.