Се одложи судењето за „Топлик“

by fokus

Денешното судско рочиште за случајот „Топлик“ се одложи поради неприсуство на еден од поротниците.

Наредното рочиште ќе се оддржи на 20 март, кога одбраната ќе треба да изведува докази.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Миле Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Во овој случај обвинети се уште петмина вработени во Министерството за транспорт и врски.

 

Поврзани новости