Се одложи судењето за „Титаник“

by fokus

Се одложи денешното судско рочиште за случајот „Титаник“, односно за изборните нерегуларности бидејќи се уште нема одговор по барањето на адвокатот Еленко Миланов да се изземе судечкиот совет бидејќи како тогаш објасни, Специјалната обвинителка Катица Јанева јавно кажа и дел од судиите биле прислушувани.

На обвинителна клупа не седнаа обвиненитет Мунир Пепиќ и Едмонд Темелко бидејќи судот испратил барање да не се донесат од куќен притвор, а не се појави ниту Гордана Јанкулоска, која што се уште е на боледување, а како што рече нејзината адвокатка Сања Алексиќ, од утре ќе биде познато дали боледувањето ќе и продолжи.

Во судница пристигна поранешниот премиер Никола Груевски, кој и овој пат доцнеше 10 минути. Наредното рочиште е закажано за 2 мај.

В.В.

Поврзани новости