Се одложи „Монструм“ поради смртен случај во семејството на еден од поротниците

by fokus

Се одложи денешното рочиште за случајот „Монструм“ поради отсуство на еден од поротниците, кој отсуствуваше поради смртен случај на негов близок роднина.

На денешното рочиште требаше да продолжи изведувањето на СМС пораки и транскрипти од прислушувани разговори, а поврзани со петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро.

Наредното рочиште е закажано за 27 ноември.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

В.В.

Поврзани новости