Се одложи и денешното рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово, не се појави еден од адвокатите

by Fokus

Пропадна и денешниот, втор обид да се дадат завршни зборови за случајот поврзан со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Пред две недели рочиштето се одложи поради отсуство на екс директорот на модуларната болница во Тетово, Флорим Бесими, а сега се одложи рочиштето бидејќи не се појави адвокатот на економскиот директор, Артан Етеми.

Следното рочиште е закажано за крајот на мај. Тогаш ќе има обид Обвинителството да ги даде завршните зборови.

 

Поврзани новости