Поради препораката на Владата за неодржување на сите манифестации и јавни настани откако се подигна нивото на безбедност во државава од ризиците за корона вирус, редакцијата на „Битолски весник“ кој е организатор ја извесува јавноста дека вечерашниот „Избор на најуспешни битолчани“ се одлага.
Дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи оваа манифестација, а ќе зависи од тоа кога ќе биде повлечена одлуката, односно препораката за неодржување на манифестации, со цел превенција од ширењето на коронавирусот.
Од „Битолски весник“ ги известуваат сите оние кои купиле влезници за вечерва истите да ги чуваат затоа што ќе важат за новиот датум на одржување на манифестацијата.
Во изминатите два месеци над 120 битолчнаи конкурираа за едно од признанијата.
Ќе се избираат најуспешните битолчани, кои со своите успеси и резултати во 2019 година се афирмирале себеси, но ја афирмирале и Битола во неколку категории: образование, наука, невладини организации, стопанство, занаетчиство, политика, естрада, здравство, култура, а ќе бидат доделени и наградите „Ајри Демировски“ во во чест на авторот на песната „Битола мој роден крај“, за животно дело и трајни вредности. Годинава по втор пат ќе биде доделена и највискокото признание на манифестацијата, „Гран при“, која минатата година ја освои адвокатот Тома Фила.
Поради големиот интерес за манифетацијата, која битолчани одамна ја споредуваат со доделувањето на „оскарите“ во Холивуд, Битолски весник обезбеди директен пренос на ТВ Тера. Инаку годинашната манифестација „Избираме најуспешни битолчани“ е 21 по ред која, традиционално, се одржува последниот петок во февруари. Досега редакцијата на „Битолски весник“ има наградено над 800 битолчани, кои со своите резултати и успеси ја овековечиле Битола.