Се одбележува денот на пенелошките работници

by Fokus

Денес пенелошките работници го одбележуваат денот на пенoлогијата. По тој повод пенoлошките работници од регионот се собраа на неформална дружба во клуб ресторанот на МКЦ,  за да го одбележат и прослават тој ден, а во едно и да поразговараат за досегашните реализирани проекти насочени кон подобрување на пенолошкиот систем како целина, и да се детектираат недостатоците на кои што уште треба да се работи.

Во најголемиот затвор во Република Македонија, КПД Идризово, оваа година, а благодарение на раководството на Установата, директорот Боби Мојсоски , УИС во соработката на надворешни организации и институции се спроведуваат и реализираат многубројни активности кои ги опфаќаат осудените лица, затворскиот персонал и затворските услови.

За некои од нив разговаравме со психологот м-р Ивана Стоименовска

  1. Во тек е спроведување на еколошки проект во соработка со Пакомак – за собирање на хартија и пластика. Од страна на Пакомак е дадена преса на услуга за селектирање, балирање и пресување на хартија и пластика. Така отпадот во Установата правилно за рециклира , а во едно се и работно ангажирани осудените за што добиваат и паричен надомест.
  2. Во женското одделение на Установата е отворено конфекциско одделение и во моментот како за почеток почнаа да се шијат чаршави за потребите на Установата.
  3. Во соработка на МОН И UNDP , со проектот ‘’Креира’’ во моментот тече анкетирање на осудените за нивно работно ангажирање по занимање.
  4. Се подготвува вселувањето на осудените лица во новите простории определени по европски стандарди
  5. Има 13.500 нови книги доволни за да се отворат уште две нови библиотеки и да се надополнат веќе постоечките.
  6. Се реновираат новите канцалариски простории во Амбулантното одделение.
  7. Во моментот течат обуки за доедукација на затворскиот персонал во повеќе области.

Истовремено  пенелошките работници се уште се соочуваат со недостаток на персонал за работа во сите сектори, ниски плати, неплатен процент за ризик од специфичноста на работното место што ни следува и др. Се уште треба да се работи на подобрување на затворските услови како за вработените така и за осудените лица.

Поврзани новости