Се одбележува 9 мај-Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа 

by Fokus
Foto: Rojters

Денот на победата над фашизмот се одбележува на 9 мај 1945 година, кога со капитулацијата на нацистичка Германија заврши Втората светска војна во Европа.

Безусловната капитулација на Германија беше потпишана во Берлин од фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, маршалот Георги Жуков потпишан во име на СССР и британскиот генерал Артур Тедер во име на западните сојузници.
Со ова формално заврши Втората светска војна во Европа, но остатоците од германските трупи продолжија да се спротивставуваат некое време.

Втората светска војна дефинитивно заврши на 2 септември, кога Јапонија ја потпиша капитулацијата по фрлањето атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки.

Деветти мај се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи на тој ден во 1950 година францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман објави декларација во која повикува на воспоставување нов поредок без конфликти меѓу европските земји.

Следната година беше формирана Европската комисија за јаглен и челик, која подоцна прерасна во Европска економска заедница, а во 1991 година беше прогласена Европската унија во Мастрихт.

Во Милано, во 1955 година, беше одлучено 9 мај да се слави како Ден на Европа.

Поврзани новости